Од денес почнува вакцинацијата на деца

867

Министерството за здравство апелираа до населението што помасовно да се имунизира бидејќи тоа е единствениот начин да избегнеме нов силен бран и ширење на опасниот делта-сој

Од денеска, според претходните најави на Министерството за здравство, во земјава треба да почне вакцинацијата на деца од 12 до 17 години.

Според податоците од здравствените власти, за вакцина пријавени се околу 1 800 деца. Тие ќе се вакцинираат со „Фајзер“ бидејќи во моментов тоа е единствена вакцина која е дозволена да се користи за деца на оваа возраст.

Паралелно продолжува и имунизацијата на возрасното население.