Заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи починал утринава од компликации со коронавирусот во приватна болница откако претходно бил лекуван десет дена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Малиќи беше почесен конзул на Мексико, угледен бизнисмен и заменик градоначалник на Скопје. Тој беше назначен за заменик градоначалник од страна на градоначалникот Петре Шилегов.
Малиќи беше советник на ДУИ, управител на компанијата „Гемак Трејд“ и сопственик на „Парк Хотел Спа“ на кејот на Вардар.