Во изминатото деноноќие починати се 12 лица како последица од ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Тоа е највисока бројка досега. Станува збор за пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар. Со оваа бројка досега се починати 298 луѓе од коронавирус.
Министерството соопшти дека нови 132 случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во последните 24 часа. А направени се 868 тестирања. И натаму најмногу новозаразени има во Скопје 57. Потоа следуваат тетово 19,Штип со 13, Куманово 10, Прилеп-7, Гостивар -6, Охрид -5, Велес -4, Струга 3, Пробиштип и Свети Николе по два нови случаи и по еден во Битола, Кавадарци и Ресен.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.