Од ковид почина 18-годишна трудница

565

Директорот на болницата во Гевгелија, д-р Димитар Крџев, вели дека целото нејзино семејство биле позитивни на ковид, а девојката била хоспитализирана со многу тешка клиничка слика

Осумнаесетгодишна трудница од Гевгелија е најмладата жртва на ковид во денешната статистика на Министерството за здравство. Како што пренесува ТВ24, девојката била во седмиот месец од бременоста.

Таа имала тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром, а во гевгелиската болница дошла со силно изразени симптоми на ковид-19. Таму била хоспитализирана само едно деноноќие по што била префрлена на скопските клиники.

Директорот на болницата во Гевгелија, д-р Димитар Крџев, вели дека целото нејзино семејство биле позитивни на ковид, а девојката била хоспитализирана со многу тешка клиничка слика.

„Со оглед дека имаше комобирдитети односно тешко срцево заболување и редок генетски синдром, а заради наглото паѓање на сатурацијата одлучивме да ја препратиме на клиниките во Скопје каде по неколку дена лекување починала“,

изјави д-р Крџев за ТВ24.