Од лицето на Земјата исчезна популарната светска атракција – погледнете како изгледа сега чудото на природата

685

Познатата природна знаменитост кај островот Галапагос, Дарвиновата порта, се срушила поради ерозија, објавило еквадорското министерство за животна средина.

Станува збор за природна и исклучително камена формација која повеќе не постои во досегашна форма. Имено, Дарвиновата порта повеќе не постои, а останале само два столба кои ја држеле.

На фотографиите кои кружат на социјалните мрежи, а кои ги објавило еквадорското Министерство за заштита на околината се гледаат само остатоците од оваа туристичка атракција.

„Дарвиновата порта, атрактивен природен мост кој се наоѓа на помалку од еден километар од главното подрачје на островот, се сруши како последица на ерозија.

Некогаш беше поврзан со островот, така што постојано беше на мета на поместување на земјиштето. Подрачјето се смета за едно од најдобрите места на планетата за нуркање и набљудување на морските кучиња, но и останатите морски животни и растенија“, соопштило министерството.

Инаку, Галапагос е под заштита на Унеско од 1978 година, а на островот денес живеат околу 30.000 жители. Тој вулкански архипелаг е составен од 234 острови, бројни заливи и камени карпи.

„Рушењето на Дарвиновата порта е потсетник на тоа во колкава мера светот е кршлив. Не можеме да направиме речиси ништо за да ја спречиме ерозијата и сличните геолошки процеси, но може да го заштитиме подморскиот свет. Тоа беше една од главните туристички атракции, а под Дарвиновата порта пливаа најголемите јата на морски кучиња на светот“, изјавила Џен Џонс од Здружението за заштита на Галапагос.