Од полноќ ќе точиме гориво по нови цени

783

Од полноќ ќе точиме гориво по нови цени.

Денеска има минимално намалување на цените на бензините и дизелот.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата поевтинуваат за 0.50 денари за литар во однос на досегашните.

Литар 95-октански бензин ќе чини 59.50 денари, еден литар 98-октански бензин ќе се продава за 61.50 денари, а еден литар дизел од вечерва на полноќ ќе чини 52.00 денари.

Во согласност со методологијата која се користи за формирање на цените на нафтените деривати, како и намалениот износ на акцизата која беше донесена како кризна мерка, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.33 отсто.