Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

1320

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи дека цените на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат за половина денар.

Со тоа новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде по цена од 70 денари за литар.

Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 60,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за еден денар, па ќе чини 60 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,008 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,889 ден/кг.