Од понеделник пад на температурите за 10 степени

980

Според информациите од УХМР, во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност.

За време на викендот во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена се очекува в понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за десетина степени.