Од вечерва до 4 јануари, полициски час во Албанија помеѓу 20:30 и 06:00 часот

513

Во Албанија, од вечерва, меѓу 20:30 часот и 6 часот наутро, движењето нема да биде дозволено, а таа мерка ќе важи до 4 јануари.

Одлуката за полицискиот час ја донесе Одборот на експерти во понеделникот, а таа мерка не се однесува  на услугите за испорака и за итните случаи, пренесува албанскиот портал Егзит.

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу потврди дека мерката ќе престане да важи на 4 јануари во 22 часот.