Протеините се најважни кога станува збор за изградба на мускулите. Јаглехидратите и мастите исто така играат голема улога, но доколку сакате да видите побрз резултат, внесот на протеини треба да биде правилен.
Голем број луѓе сметаат дека ќе ја зголемат телесната маса со помош на протеини, но тоа не е така. Протеините се главната хранлива состојка на мускулите и се најодговорни за нивниот раст и закрепнувањето. Поради тоа, тие се неверојатно важни кога станува збор за тренинот.
Секако, протеините спаѓаат во групата на најпопуларни суплементи бидејќи значајно го забрзуваат процесот на добивање мускули и му го пружаат одговарачкиот хранлив микс на вашиот организам.
Но, често се поставува прашањето дали протеините се консумираат со млеко или со вода. Секако, прифатени се и двете опции но мора да знаете кога се претпочита вода, а кога млеко.
Ова правило лесно ќе го запомните бидејќи е всушност многу логично. Протеините во прав се пијат со вода веднаш по тренингот бидејќи водата многу побрзо се апсорбира во телото и со тоа протеините веднаш доаѓаат до вашите мускули. Кога ќе завршите со тренингот, измешајте ги протеините со вода и испијте ги – во рок од 15 минути, мускулите ќе добијат доволно хранливи материи да се обноват, нахранат и зајакнат.
Од друга страна, млекото се користи со цел да се забави варењето, а со тоа протеините ќе се варат подолг временски период. Затоа е одлично пред спиењето да испиете протеини помешани со млеко. На овој начин вашето тело ќе може да ги користи протеините во текот на целата ноќ бидејќи млекото ќе го забави нивното варење, па додека спиете вашите мускули ќе се нахранат, зајакнат и зголемат.