Одите по забави и кафичи, д-р Дарија објаснува колку минути се потребни за да станете позитивни

1184

Српскиот епидемиолог Дарија Кисиќ Тепавчевиќ е една од најпопуларните лекарки во оваа земја. Таа во многу наврати од почетокот на оваа криза, даваше препораки на населението како да се заштитат.

Д-р Кисиќ уште во на почеток објаснуваше дека корона вирусот има карактеристичен феномен наречен „леден брег“.

Тоа значи дека повеќето инфицирани или воопшто нема да имаат симптоми на респираторни инфекции, или пак тоа ќе бидат благи облици кои личат на настинка.

Тоа значи дека повеќето од нас можат да го носат вирусот во себе а да не знаат. Тоа се таканаречените асимптоматски случаи, кои се речиси 80 проценти.

Затоа, според неа, самоизолацијата е клуч за успехот и само така може да се создадат услови за спречување вирусот да прејде на некој чуствителен организам.

-Најважно е да бидеме одалечени мининум два метри од потенцијалниот извор на зараза, објаснува доктор Дарија Кисиќ – Тепавчевиќ.

Кисиќ Тепавшевиќ во својот последен настап на српските медиуми, истакна дека Србија има стабилен број на пациенти, но на повисоко ниво отколку што би сакале. Надлежните ги бараат и лоцираат кластерите, осносно секоја потенцијално заразена личност.

Таа оцени дека граѓаните се опуштиле и дека младите луѓе доминираат меѓу болните:

„Овие се луѓе кои, по правило, се во добра состојба, а инфекцијата ќе помине на ниво на настинка, но можат да заразат родители, баби и дедовци“, предупреди Кисиќ Тепавшевиќ.

Заменик-директорката на Институтот Трамболин, Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, изјави дека Кризниот штаб дава препораки и дека сите постапуваат во зависност од проценката на личен ризик.

„Секое седење во затворен простор со повеќе луѓе и контакт подолг од 15 минути, на растојание од помалку од еден метар, се смета за ризично“, објасни таа за ТВ Прва.