Одлична вест од ГОБ „8 Септември“: Прв пациент со Ковид-19 тргнат од респираторна машина

629

Пациент на 37-годишна возраст кој бил хоспитализиран и приклучен на респиратор во градската болница „8 Септември“ во Скопје е пред целосно закрепнување.

Како што пренесува „360 Степени“, пациентот денес бил исклучен од машината за респираторна поддршка, откако пред околу три недели бил примен во болницата во тешка здравствена состојба.

Станува збор за првиот пациент во Македонија заразен со коронавирусот кој успеа да се избори со болеста откако поради драстичното влошување на состојбата бил приклучен на респираторна машина.

Пациентот роден во 1983-та година бил приклучен на респираторна машина 12 дена.

Според последните податоци кои ги изнесе Министерството за здравство во текот на денешниот ден, во земјава има 1,526 лица заразени со коронавирусот, од кои 86 лица за жал ја загубија битката со Ковид-19. Досега 1013 лица се излекувани, а добра вест е тоа што оваа бројка секојдневно расте.