Во Грција може да се оди на одмор од средината на јуни, но ова важи само за туристите од Балканот.
Туристичките објекти јужниот сосед планира да ги отвори во периодот од 15 јуни до 1 јули.
Од 4 мај земјата се враќа во нормала.
Грција планира да им дозволи влез во државата на туристи само од одредени земји, главно од Балканот, а за гостите од западноевропските држави каде што вирусот „коси“, најверојатно ќе има забрана.
Сезоната во Грција годинава треба да трае подолго.
Дека туризмот во Грција наскоро се враќа во живот, потврди и портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас.
„Полека, до крајот на мај, средината на јуни во голема мерка ќе се вратиме во нормала. Најголемиот проблем и најголемата наша грижа во однос на економската активност е туризмот“, вели тој.
Грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис исто така кажа дека ќе се отворат границите за туристи.
Теохарис рече дека Грција може да ја посети „помалку од една третина од туристите кои одмораа во земјата во 2019 година.
„Треба да имаме нови правила за хотелите, нови правила за плажи, нови правила за базени, нови правила за кафе-баровите, нови правила за туристички автобуси“, објасни тој во интервјуто за „Гардијан“.
Лани Грција ја посетиле 33 милиони туристи. Земјата објави приход од туризам од 18,2 милијарди евра за 2019 година.
Економијата е зависна од туризмот.