34-годишна туристка е повредена кога дошло до одрон на карпа на популарната плажа на островот Закинтос, соопштиле грчките власти. Во инцидентот нема исчезнати.
Припадниците на крајбрежната стража соопштиле дека една странска државјанка е повредена и дека е префрлена во локална болница.
Локалните медиуми пренеле изјави на очевидци дека големата карпа паднала во морето и создала голем бран кој ги потопил малите бродови.
navagio is collapsing #Navagio #navagiobeach pic.twitter.com/iPNhVpFHHS
— d3scr1pt0r (@d3scr1pt0r) September 13, 2018
Службениците од пристаништето соопштиле дека плажата е евакуирана, а дека на бродовите со туристи им е забрането да приоѓаат до плажата на неодредено.
Според зборовите на сопствениците на приватните бродови, кога се случил одронот, на тоа подрачје имало три бродови со патници.
No one missing, one injured at landslide on popular #Zakynthos beach #Greecehttps://t.co/EUlIVp9TIA pic.twitter.com/bII0Nulj3L
— ANA-MPA news (@amna_newseng) September 13, 2018
“Слушнавме звук и помал дел од карпата падна во морето, а потоа падна и другиот дел и на крајот третиот голем дел кој предизвика бранови и превртуваше бродови”, рекол неименуван сведок за агенцијата “AMNA”.