Одземен телефон на еден од организаторите на извидничкиот камп: снимани голи од половина нагоре?!

539

Продолжуваат шоковите со извидничкиот камп што се одржал во близина на Скопје. Се повеќе извидници се осмелуваат да проговорат и се дознаваат се поморбидни детали од скандалот.

Нови детали излегуваат за скандалот со извидничкиот камп. Најновите информации на истрагата покажувале дека на овој камп имало учесници надвор од Скопје, и сега тие се повикуваат на разговор, пишува „Слободен печат“.

Целата истрага е во рацете на надлежните органи, јавното обвинителство и полицијата,  според пишувањата бил одземен и телефон на еден од организаторите, повеќе родители во полициска станица пријавиле дека нивните деца на извидничкиот камп учествувале во несоодветни активности меѓу кои соблекување на облеката пресликување на оттисоци од половите органи на xамер и доделување на награда за најдобри гради.

Инаку, се огласија и од Сојузот на средношколци од каде ги повикуваат надлежните институции детално да ја истражат секоја изјава за извидничкиот камп за сексуално вознемирување.