Утринските шпекулации експресно добија потврда – македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов во новата сезона ќе тресе мрежи за Шалке 04.
Германскиот гигант од Гелзенкирхен, кој поради ланските проблеми ќе се натпреварува во втората лига, беше во потрага по нов напаѓач, а на крај изборот падна на 21-годишниот Македонец.
Чурлинов во новиот клуб ќе настапува како позајмен фудбалер, откако неговиот Штутгарт се согласи да го испрати на едногодишно „калење“, а по истекот на позајмицата Шалке нема право на откуп на договорот.
We've signed Darko #Churlinov on a season-long loan from @VfB_int ✍️
Welcome auf Schalke, Darko! ⚒️#S04
— FC Schalke 04 (@s04_en) August 18, 2021
Македонскиот напаѓач од 2020 година е дел од Штутгарт, а претходно ги бранеше боите на Келн. Тој беше дел од сениорската репрезентација на Македонија на последното Европско првенство.