После повеќе години на истражување, NASA потврди дека на светлиот дел од Месечината е откриено присуство на вода. Водата е најдена во еден дел на површината од „Клавиус“ кратерот кој се наоѓа на јужната хемисфера од Месечината кој се гледа и од Земјата.
Откритието доаѓа по откривањето на присуство на мраз во темните и скриени делови во други кратери, а се верувало дека водата не може да остане на површината од Месечината, која нема атмосфера, а е осветлена од Сонцето.
Неколку претпоставки се поставени за тоа како е можно водата да ја има во овој дел, а се верува дека или истата е донесена со метеорите, кои не ретко ја погодуваат површината на Месечината или е создадена од честичките кои стигаат од Сонцето.
Како и да е, откриено е дека Месечината е „влажна“, иако за 100 пати помалку од пустината Сахара, а количината која е пронајдена се истакнува дека може да ја собере во шише од 340 милилитри.
Откритието е направено од страна на „SOFIA“, односно Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy од NASA. Се работи за Boeing 747 специјално прилагоден авион, опремен со потребните инструменти и алатки.
Со цел избегнување на водената пареа во атмосферата на Земјата, блиску до површината, авионот лета на висина од околу 13 километри од каде многу полесно и поточно може да се направат саканите истражувања.