Бутанците се една од најмладите нации на светот. Речиси една третина од населението е помлада од 14 години, а просечната старост во земјата е нешто помалку од 23 години.
Кралството Бутан е земјата без излез на море, а се наоѓа високо на Хималаите, сместена меѓу Кина и Индија. Бутанците својата земја ја нарекуваат Друк Јул, што во превод значи „Земја на Громовитиот Змеј“ кој што е претставен и на нивното знаме.
Некои истражувачи Бутан го сметаат и како инспирација за Шангри Ла, митската земја на среќните луѓе која што е сместена на високиот дел од Хималаите.
Бутан е единствената држава во светот која што во својот Устав има клаузула која обврзува пошумувањето во секој момент да изнесува најмалку 70 отсто од вкупната територија. Моментално изнесува 80 отсто.
Бутанците не слават родендени како ние, ниту пак го паметат датумот на кој што се родени. Оној момент кога ќе отчука Нова година, секој жител од земјата станува за една година постар.
Главниот град на Бутан е Тимбу, гратче со околу 10.000 жители. Тоа е единствениот главен град покрај Пјонгjанг во кој што нема ниту еден семафор, а сообраќајот го регулираат полицајци кои што се стационирани во куќички декорирани во традиционален стил.
Во Тимбу се наоѓа и традиционален кралски дворец во кој што седи кралот на Бутан, со потекло од семејството Вангчук.
Тој освен што е крал на државата, е и единствената личност која што во Бутан има презиме. Тоа е спротивно од јапонската традиција каде што царското семејство е единствено кое што нема презиме.
Бутан исто така е познат и по своите будистички манастири.
Една од најмладите нации на светот
Бутанците се една од најмладите нации на светот. Речиси една третина од населението е помлада од 14 години, а просечната старост во земјата е нешто помалку од 23 години.
Традицијата е една од работите која што најмногу се почитува во земјата.
Исто така инцестот не е нешто што е невообичаено за оваа земја и често се случува брат и сестра да се венчаат за да се сочува чистотата на нивната крв. Уште почесто е венчање помеѓу роднини.