Официјално признаа дека се заедно: Перо Антиќ и Катарина Ивановска објавија прва заедничка фотографија

926

Македонската кошаркарска легенда и претседател на ККС, Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска за првпат објавија фотографија со која уште повеќе ги „разгореа“ шпекулациите дека се заедно.

На фотографијата која и Антиќ и Катарина ја објавија на „Instagram Story“, тие позираат заедно, а на истата пишува „Lunch Time“ (Време за ручек).

За потсетување, Перо Антиќ во 2019 година се разведе од сопругата Ружица со која има 3 сина, додека пак Катарина од врската со скопскиот бизнисмен Цобе има син и ќерка.

Медиумите веќе со месеци шпекулираат дека Перо и Катарина се заедно, но тие досега ниту ги потврдија ниту ги негираа ваквите наводи.