Ограбен станот на министерот за информатичко општество

1251

Синоќа бил ограбен станот на министерот за информатичко општество и администрација,  Дамјан Манчевски, дознава „Нетпрес“.

Грабежот се случил во периодот од 20.45 до 22 часот, а од домот на Манчевски биле одземени предменти во поголема вредност.

Според неофицијални информации, на местото на настанот излегле повеќе началници, по наредба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Извори од полицијата посочуваат дека извршители на ова кривично дело биле некои повратници, амнестирани со Законот за амнестија што го изгласа Собранието на почетокот на годинава.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија кражбата.

Пријавено е дека во стан на булевар „11 Октомври“ во Скопје непознат сторител насилно ја отворил влезната врата, но до сега нема пријавено дека нешто е одземено“, посочија од МВР.