Огромна гужва во Скопје пред најголемиот вакцинален пункт, не се почитуваат мерките

614

Во најголемиот вакцинален пункт, салата „А1 Борис Трајковски“ во Скопје продолжува масовната вакцинација денеска во земјава каде што е забележана огромна гужва, а притоа не се одржува ниту мерката дистанца, што е спротивно од мерките донесени за заштита од коронавирусот, објави ТВ21. Имено, денеска почнува вакцинацијата и со кинеската вакцина на Синофарм, која во петокот пристигна во нашата земја, а исто така има и ревакцинација.

Дел од присутните пред вакциналниот пункт најмногу се жалат на проблеми со закажаниот термин.

Очекувањата на здравствените власти се во 6 центри низ државата да се вакцинираат околу 15 илјади граѓани на ден.