Огромна огнена топка: Ерменија објави снимка од уништувањето на азербејџански хеликоптер

631

Ерменското Министерство за одбрана објави снимка од уништување на хеликопер на Вооружените сили на Азербејџан.

Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека азербејџанскиот хеликоптер во четвртокот го собориле силите на Армијата за одбрана на Карабах.

На снимката може да се види голема огнена топка, а неколку секунди подоцна леталото паѓа и се појавува густ црн чад.

Ситуацијата во самопрогласената република Нагорно-Карабах ескалираше кон крајот на минатиот месец, а Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за избивањето на конфликтот.