Охриѓанец остварил добивка од 7 милиони евра, но од обложувалницата не сакаале да му ги дадат, се работело за системска грешка

918

Нови главоболки за приредувачот на игри на среќа Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје, од како играч во „СЛ-Клуб“ во Охрид, лоциран во комплекс „Летница“, добил неверојатна добивка на апарати од фантастични 429.495.929,60 или нешто над 7 милиони евра пишува Охрид Скај.

Среќниот охриѓанец кој ја добил добивката во СЛ-Клуб на Спорт-Лаиф Трејд ДОО, не ги добил добиените пари од апаратот, со образложение од приредувачот на игрите на среќа Спорт-Лаиф Трејд ДОО, дека наводно се работело за системска грешка во апаратот.

Она што го дознаваме, е тоа дека играчот воедно  ангажирал свои правни застапници, кој доколку не најдат решение за исплата на добивката, целиот случај ќе се префрли на Суд!

Она што дава друга димензија на целиот милионски настан, претставува фактот, што сите апарати согласно закон за приредување на игри на среќа, мора да бидат пломбирани од страна на УЈП. Друг факт е оној што на спорната според Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје автомат, не е напишана максималната добивка која може да ја исплати еден апарат.