ОЈО за грабежот на 30.000 евра од банкомат: Го исклучиле алармот неколку дена претходно, па работеле со брусилица и хебли

708

Двајца ограбувачи на банкоматот од маркет во Гостивар од кој извлекоа 30.000 евра добија 30 дневен притвор, додека останатите двајца, меѓу кои и државјанка од Албанија, се во бегство и за нив мерката ќе важи кога ќе бидат достапни за органите на прогонот.  Петоосомничениот веќе се наоѓа во притвор, бидејќи му е поведена постапка за слично кривично дело извршено во Кичево.

Инаку станува збор за петмина осомничени кои се здружиле и на 1 декември 2020 со кршење и провалување, украле пари од банкомат сопственост на една деловна банка, поставен во мега-маркет на улицата „Илинденска“ во Гостивар, а при тоа биле извлечени четири касети со пари во вкупна вредност од 1,8 милиони денари.

„Неколку дена претходно, првопријавениот и петтопријавената го неутрализирале сензорот на алармниот систем во маркетот. Потоа, на критичниот ден, четворицата осомничени македонски државјани, со подесни предмети – хебли и физичка сила ја отвориле автоматската влезна врата на маркетот. Со хеблите и со батериска брусилица делувале врз банкоматот, насилно го отвориле капакот, а потоа и сефот кој се наоѓа во долниот дел“, се вели во извештајот на Основното јавно обвинителство.