Олд Трафорд се подготвува за разделба: Мурињо в среда се збогува со Јунајтед

1114

Долгата низа лоши резултати го однесе Манчестер Јунајтед на 8 бода од топ-4 и „црвените ѓаволи“ најверојатно повторно нема да играат во Лигата на шампионите, освен ако не ја освојат титулата во тоа натпреварување.

Веќе долго време тлее незадоволството и кај играчите и кај навивачите, но и самиот Мурињо е ужасно лут на сите во клубот, вклучувајќи го најтесното раководство. Да биде проблемот поголем, следува дерби со Арсенал кој е во многу подобра форма од Јунајтед во моментов, а на Олд Трафорд оди по победата во локалното дерби против Тотенхем.

На сите во Јунајтед им е јасно дека разделбата со Мурињо нема да помине без последици, а особено голем проблем е тоа што нема алтернатива во моментов. Многу веројатно сезонава ќе се жртвува и ќе ја доврши некое помалку познато име за од лето да се тргне во реконструкција и со некој од најдобрите светски тренери во моментов.

Капак на се беше последната кавга со Пол Погба кој може и да не игра против Арсенал иако Мурињо нема многу алтернативи. Со оглед на тоа што групата во Лигата на шампионите е помината, раководството ќе добие доволно време да го среди тимот пред продолжението од елитното натпреварување.