Подолго време се веруваше дека претседателот Владимир Путин нема некои посебни барања кога станува збор за исхраната, но неговата сопруга Људмила во книгата „Владимир Путин: Патот кон власта“, ја одгатна таа тема.
Путин и претходно, самиот истакнувал дека се обидува да се храни здраво и дека најмногу консумира овошје, а наутро преферира житарици и мед.
„Доколку морам да бирам помеѓу риба и месо повеќе сакам риба, а од месо најмногу јагнешко. Генерално сум рамнодушен кон слатките работи, не земајќи го предвид сладоледод. Се навикнав и на зелен чај, а кога патувам секогаш се обидувам да ја пробувам локалната кујна. Тоа е тоа… Вообичаено не ручам затоа што немам време. Попладне јадам некое овошје, пијам кефир, а доколку го нема тогаш претходно не јадам ништо“ – изјавил тој во некое интервју за руските медиуми.

Меѓутоа, во оваа книга Људмила тврди нешто поразлично и истакнува дека е многу пребирлив и дека е во состојба да одбие вечера доколку нешто не му се допаѓа.
Во својот семеен живот Путин се придржува на два основни принципи:
1. Жената мора да ги извршува сите домашни работи и
2. Не смеете премногу да ја фалите жената за да не ја “расипете“.
Сепак постои еден оброк кој тој би можел да го јаде во секое време, а најмногу го сака кога го подготвува неговата сопруга.
Станува збор за дунавска харинга со компири, а подготовката е могу едноставна.

Состојки:
– компир и
– дунавска харинга.
Подготовка:
Сварете го компирот со лушпа, а кога ќе се свари добро исцедете го и посолете го.
Испржете ја харингата и добро посолете ја.
Вашето јадење е подготвено.