„Она што ми го направија мене, никогаш не би дозволиле да ѝ го направат на Кејт“: Меган Маркл го нападнала кралското семејство!

979

Поранешната војвотка признала дека таа го убедила Хари да ја напуштат кралската должност и да се преселат на друг континент

Меган Маркл пред пет месеца ја напуштила Велика Британија, а од крајот на март и официјално е поранешен член на кралското семејство. Заедно со сопругот, принц Хари, свртила нов лист и започнала живот во родниот Лос Анџелес, по краткиот престој во Канада.

Сепак, изгледа дека Меган сѐ уште не е на чисто со сето тоа што ѝ се случило изминативе неколку години откако го запознала британскиот принц. На своите блиски пријатели во Калифорнија, Меган им ја раскажала својата страна на приказната, која сега стигнала до сите светски таблоиди.

„Меган тврди дека кралското семејство ги игнорирало сите проблеми што ги имале таа и Хари. Тврди дека не би се толерирало однесувањето на британскиот медиуми, ако такво нешто ѝ се случувало на војвотката Кејт Мидлтон. Во тој случај, веднаш би се презеле жестоки мерки и би се замолчиле медиумите“, рекол еден од пријателите на поранешната војвотка од Сасекс.

Освен тоа, Меган смета дека никој од членовите на монархијата не би требало да му се чуди на нивниот потег, односно напуштањето на должноста.

„Ни раскажа дека принц Хари постојано ги предупредувал кралицата и принц Чарлс, им се жалел за тоа низ кое поминувале, а тие го игнорирале. Дури и му сугерирале да се помират со сето тоа, бидејќи работите се едноставно такви какви што се“, открил изворот.