Опаѓањето на косата станува минато: Овие 3 состојки ќе ја преродат вашата коса!

834

Некои велат дека во просек губат по 20 влакна, други околу 50, но овој проблем сега може да биде минато

За да го сопрете опаѓањето на косата за време на нејзиното миење, не ви треба посебен шампон, туку само 3 природни состојки кои ќе ги додадете во вашиот секојдневен шампон.
Потребни состојки:
  • шампон со неутрална pH-вредност
  • 10 капки есенцијално масло од рузмарин – корисно е за стимулирање на крвотокот во главата и зајакнување на фоликулите
  • 10 капки лимоново масло – има неверојатни антисептички и освежувачки особини
  • 2 капсули витамин Е – најважната состојка која го спречува губењето на косата
Процедура
  • Додајте 10 капки есенцијално масло од рузмарин и лимон и витамин Е од две капсули во шампонот.
  • Добро протресете го шишенцето шампон за да ги соедините сите состојки.
Примена:
  • Најдобро е да го користите шампонот за време на секое миење, или барем секое второ. Нанесете го на влажна коса и масирајте го скалпот 10 минути.
  • Потоа оставете го шампонот да отстои уште 10 минути.
  • Измијте ја косата со топла (не врела) вода.
Предности:

Овој шампон содржи елементи кои се корисни за поттикнување на протокот на крвта во главата и регенерација на оштетените фоликули. Наскоро ќе ги забележите позитивните резултати, бидејќи новата коса ќе почне да расте за кратко време.