Неколку илјади демонстранти, приврзаници на опозицијата, денес ја обиколиле зградата на парламентот во Тирана, барајќи оставка од владата и распишување на вонредни избори.
Албанските медиуми пренесуваат дека претставници на опозицијата запалиле гуми пред зградата на парламентот и извикуваат: “Рама, оди си”.
Илјадници демонстранти кои ја поддржуваат опозицијата го окружиле парламентот, барајќи оставка од владата и предвремени избори, обвинувајќи ја владата за корупција и врска со криминалот.
Зградата на парламентот во Тирана од утрово ја брани бодликава жица и стотина полицајци.
Албанските медиуми претходно известиле дека Тирана од рано наутро е под полициска опсада. Заседанието на парламентот било закажано во исто време како и протестот, па пратениците доаѓале неколку часа порано за да избегнат средба со демонстрантите.
Полициските сили, како што се наведува, ги блокирале минувачите меѓу Уметничката галерија и Министерството за внатрешни работи.
Секој што сакал да мине низ “забранетата зона” морал на полицијата да и покаже лична карта.
Се наведува дека полицијата не им дозволува на медиумите да влезат во зградата на парламентот, за да не можат да се сретнат со пратениците на владејачката Социјалистичка партија, кои на сесијата доаѓаат еден час порано за да избегнат средба со демонстрантите.
Во текот на претходните протести протести демонстрантите фрлале камења и молотови коктели, додека полицијата одговарала со солзавец.
A large number of police have been sent out onto the streets of Tirana, Albania, this morning ahead of the latest opposition-led protest, after last week’s demonstration ended in violence.
Police are blocking streets around the parliament, where MPs will have a session today. pic.twitter.com/Hw4svj5yEA
— Balkan Insight (@BalkanInsight) March 5, 2019
Пратениците на опозициската Демократска партија поднеле оставки на пратеничките функции и така практично ги отфрлиле повиците на ЕУ, САД и меѓународните организации да започнат дијалог со владата.
Владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама има 74 од 140 места во парламентот.



