Оптичка илузија која ќе ве стави во „неволја“: Дали мачката се качува или се спушта по скалите?

494

Стара оптичка илузија која прикажува мачка, повторно се појави на социјалните мрежи и целосно ги збуни корисниците.

Оваа илузија ги става луѓето во дилема – дали мачката оди нагоре или надолу по скалите?

Додека едни тврдат дека мачката се качува по скалите, други тврдат дека се спушта, пренесува „Hindustantimes“.

Откако е објавена на Твитер, оваа оптичка илузија собра речиси 19 илјади лајкови.

Во коментари има различни објаснувања – некои мислат дека се качува, а некои дека се симнува по скали.

За сите оние кои се збунети, еве помош.

Мачката се симнува по скалите, а ние имаме прилично издржани објаснувања за тоа.

Најпрво, работ на скалите штрчи над самите скали, а второ е сенката под надвиснатиот дел од скалите под мачката.