Организаторите на настани најавија протести секој ден пред Владата

511

Компаниите кои се занимаваат со организација на настани најавуваат серија протести поради незадоволство од владините мерки за помош на нивната индустрија, соопшти Асоцијацијата на ивент индустријата.

Оттаму најавуваат дека секој ден од 12 до 15 часот ќе организираат протести до постигнување на заемно прифатливо и одржливо решение, бидејќи како што велат нивниот сектор во 2020 година бил еден од најпогодените од пандемијата со пад на прометот од 62 отсто.

Во соопштението се вели дека овие компании се наоѓаат „пред колапс“, бидејќи повеќе од една година нема јавни настани и оти со оглед на состојбата со пандемијата тие немаат надеж дека ќе можат да работат.

„Исто така јавноста треба да знае дека овие компании добија нула денари помош од државата. И покрај сите наши барања, дописи, молби за помош, Владата остана глува, а ние невидливи во сопствената држава“, велат од Асоцијацијата на ивент индустријата.