Организаторот на протестите во Тетово почна штрајк со глад

759

Блерим Ахмеди, организаторот на протестите во Тетово за одговорност на политичарите по трагедијата во модуларната болница почна штрајк со глад во затворот во Скопје.

По протестите во кои беа повредени и четворица полицајци, Ахмеди доби осумдневен притвор.

Ахмеди е од Кичево и е познат како организатор на многу протести. Освен него, приведени се уште 4 лица.