Оригиналноста не и’ е силна страна: Овие фотографии се непобитен доказ дека Ким Кардашијан со години ја копира Наоми!

762

Еднаш секому може да му се случи, но 3 пати?

Во последно време, луѓето на социјалните мрежи забележале дека повеќето модни комбинации што Ким Кардашијан ги облекла во последните неколку години, првично всушност ги носела Наоми Кембел на ревии и на свечени пригоди.

Еден од примерите е овој винтиџ синовиолетов фустан на Versus Versace што Ким го носела на венчавката на еден познат рапер. Наоми претходно го носела овој фустан на ревија на Versace во 1996 година.

Па така, луѓето забележале дека Кардашијан е повеќе од инспирирана од модните комбинации што Наоми своевремено ги носела и дека тоа не е никаква случајност.

View this post on Instagram

An a whatta???

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Се сеќавате на проѕирниот комбинезон со леопардски дезен што Ким го облекла за време на нејзината посета на Париз минатиот месец и со кој ги шокирала сите присутни? Токму тој комбинезон Наоми го прошетала пред 20 години на модната писта.

Уште еден пример за ова е фустанот Versace од 1998 година што Ким го носела во декември 2018 година на концерт на Шер. Наоми го облекла 3 години претходно, а премиерна го носела во далечната 1998 година на ревија на Versace.