Помеѓу номинациите се најдоа многу очекувани имиња, но и неколку изненадувања кои со сигурност ќе предизвикаат реакции кај публиката
Академијате денеска официјално ги претстави номинациите за претстојните Оскари, кои ќе се одржат на 25 февруари во театарот Долби во Лос Анџелес. Помеѓу номинациите се најдоа многу очекувани имиња, но и неколку изненадувања кои со сигурност ќе предизвикаат реакции кај публиката.
Како едно од најголемите изненадувања е номинацијата на Лејди Гага за Најдобра актерка во главна улога за филмот „A Star is Born“, но и номинацијата на „Black Panther“ за Најдобар филм.
За најважната награда, онаа за Најдобар филм, ќе се борат „Roma“, „Black Panther“, „BlacKKKlansman“, „The Favourite“, „Green Book“, „A Star is Born“, „Vice“ и „Bohemian Rhapsody“. Како фаворити се издвојуваат „Roma“ и „Green Book“, но големи шанси им се даваат и на „The Favourite“ и „BlacKKKlansman“.
Лејди Гага е номинирана за Оскарот за Најдобра актерка во главна улога за нејзината улога во филмот „A Star is Born“, а нејзината конкуренција ја составуваат Јалица Апарицио („Roma“), Глен Клоуз („The Wife“), Оливија Колман („The Favourite“) и Мелиса Мекарти („Can You Ever Forgive Me“). Кај мажите за Оскарот за Најдобра главна улога ќе се борат Кристијан Бејл („Vice“), Бредли Купер („A Star is Born“), Вилем Дефо („At Eternity’s Gate“), Рами Малек („Bohemian Rhapsody“) и Виго Мортенсен („Green Book“).
Најжестока конкуренција годинава има кај наградата за Најдобар режисер, каде за првпат е номиниран Гркот Јоргос Лантимос, за неговиот филм „The Favourite“. Покрај него, тука се уште Алфонсо Куарон („Roma“), Спајк Ли („BlacKKKlansman“), Павел Павликовски („Cold War“) и Адам Меккеј („Vice“).
Целосната листа на номинации можете да ја погледнете на официјалната веб-страница на Академијата.