Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи ја скршил раката во текот на предизборната кампања. Тој во гостувањето на емисијата „Само интервју“ изјави дека паднал додека играл кошарка.
-Игравме кошарка со младите од ДУИ во Гази Бава и се лизнав на бетонот, по што ја скршив раката, рече синоќа Османи.
Тој додаде дека времето на митинзи е завршено, односно дека партиите треба повеќе да се ориентираат кон директен пристап кон граѓаните и непосреден контакт.