Османи: Воведување на 100% двонеделен карантин, ќе биде успешно во битката против вирусот

938

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во гостувањето во „ЕуКлик“ вечерва на ТВ21 рече дека најдоброто решение во битката против коронавриусот и дека сите се согласни дека воведување на 100% двонеделен карантин, ќе биде успешно во битката против вирусот.

Несомнено, консензус од сите беше дека најдобриот пристап би бил ако две недели се воведе 100% ограничување на движењето. Значи, секој да се изолира од секој 14 дена, бидејќи тоа е најдобриот начин за спречување на ширењето на вирусот. Меѓутоа, дали е можно да се затвори сѐ две недели? Многу е тешко, бидејќи луѓето мора да се хранат, да се лекуваат, има и други функции кои не можат да се ограничат. Затоа, кога ќе донесете одлука за рестриктивни мерки, вие треба да ја ставите на кантар потребата за спречување на вирусот и што помалку штети да има во другите функции во животот, што помалку колатерални и штетни ефекти за луѓето, кои би произлегле од овие рестриктивни мерки, рече Османи во ЕУ Клик на ТВ21