Островот на кој работат голем број Македонци погоден од најголема олуја во последните 37 години: Ветерот дува со 133 километри на час, риби паѓаат од небо

1347

Малта била погодена од најголемата олуја во последните 37 години. Ветровите дувале со околу 133 километри на час, а зад себе оставиле пустош.

Премиерот Џозеф Мускат рекол дека на овој остров немало таква олуја уште од 1982-ра година, кога загинале четири лица. 

Тој изјавил дека биле регистрирани 111 сообраќајни несреќи, а на брегот се собрало околу 155 тони ѓубре. Голем број на возила биле оштетени бидејќи на нив паднале стебла.

Брановите биле толку големи што и плажите и улиците биле поплавени. Брановите со себе донеле и голем број на риби кои граѓаните ги собирале со раце или го носеле во кофи.