Осумгодишно дете нашло екстази кај татко му, им дало на другарчињата, мислејќи дека се бонбони

928

Момче од индонезиската провинција Ријау, нашло екстази во колата на неговиот татко и потоа им ги понудило на другарите кои со него одат во основно училиште, мислејќи дека се бомбони. Групата деца била на возраст меѓу седум и девет години.

Според локалните медиуми, две момчиња одбиле да ги изедат „бонбоните“, бидејќи не им се допаѓал нивниот непријатен вкус.

Но оние кои земале набрзо се нашле во болница, жалејќи се на главоболка и вртоглавица.

„Децата мислеле дека тие зелени апчиња се бонбони. Ги скршиле на пола и си ги поделиле меѓу себе. По кратко лечење, децата сега се чувствуваат добро“, изјавил портпаролот на локалната полиција Сунарто.

Таткото на детето кое ги пронашло таблетите признал дека дрогата е негова, по што е уапсен. Тој би можел да биде обвинет за занемарување на деца и загрозување на нивните животи.