Освен ексклузива, PS5 ги носи и култните игри од постарите конзоли

832

Дека “Sony” на големо работи на петтото издание на славната конзола, повеќе не е никаква тајна. Моментално се оди кон тоа дека лансирањето на новата генерација конзоли ќе се случи некаде на есен 2020-та година.

Неодамна дознавме и дека “Sony” веќе работи на подготовка на неколку ексклузивни игри за PS5, бидејќи, да бидеме реални, тоа е тоа што продава конзоли и тоа поради што PS4 толку доминирал во оваа генерација. 

Уште една убава вест ни дојде овој викенд, и тоа пред официјално да биде најавен PlayStation 5. Имено, “Sony Japan” регистрирал патент кој овозможува непречена компатабилност меѓу PS5 и постарите конзоли.

Идејата за патентираната технологија е да му овозможи процесорот на идните PS5 конзоли верно и речиси идентично да ја емулира работата на постарите конзоли, за постарите игри да се движат како да ги играте на матичните конзоли, без никакви проблеми и лоша синхронизација.

Просто кажани, процесорот во PS5 без проблем ќе може да ја имитира работата на постарите конзоли така што ќе ги “препознава потребите” на игрите и ќе влегува во режим на работа во склад со тие потреби.

Ова е одлична вест за сите луѓе кои поседуваат голема колекција на стари игри и кои планираат да купат “PS5”, бидејќи нема да мора да имаат наредено 3-4 конзоли покрај телевизорот, туку секој наслов ќе можат да го играат на идното “PS5”.