Градоначалникот на Аеродром не престанува со лускузите на сметка на граѓаните. Откако вчера беше објавено дека за една чешма општината потрошила 65 илјади денари, денес на социјалните мрежи беа објавени податоци од Електронскиот систем за јавни набавки на кои се гледа дека општинската администрација за еден обрач на кош платила 15 илјади денари без ДДВ.
Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Митевски на својот фејсбук профил објави документи за овој скандал. Тој додадава дека Златко Марин кој претходно бил наставник по физичко најдобро знае дека еден обрач за кош чини многу помалку од вредноста на која е склучен договорот.
На социјалните мрежи деновиве секојдневно се објавуваат документи поврзани со работењето на првиот човек на општината, а до сега општината молчи за овие обвинувања.