Отидов во Швајцарија со цела фамилија, видов како е и се вратив – и не жалам

707

Досега сум се обидел многу пати да отидам и да работам во странство. Најчесто тоа беа соседните држави, како Грција и Бугарија, но еднаш, пред две години бев и на Малта.

Во Грција работев како физички работник, додека од Бугарија кај нас носев делови за коли и еден период од животот убаво заработував од тоа.

Знаете, секоја работа на почеток те фасцинира, како да ќе тргне, но потоа следи разочарување. За Малта не сакам ни да зборувам. Поисплатливо е кај нас да работиш, отколку таму.

Сега, пред три месеци ми се укажа шанса за Швајцарија. Имав многу слушано и читано за Швајцарија. Дека многу се заработува, дека е средена држава. И навистина тоа на прв поглед изгледа така.

Не размислував многу, собрав најнеопходни “ствари”, се спакувавме со семејството и заминавме. И ова е можеби мојата најголема грешка. Што го зедов и семесјтвото.

Тие прикаски дека тебе таму те чекаат со отворена чанта со пари, само да ги земеш, се само обични прикаски. Вистината е дека за ти да работиш во Швајцарија, а со МК пасош, мора да имаш некаква рабиотна виза.

Јас имам другар кој таму живее 20 години и има фирма и тој ми среди документи. Дури и ми најде работа. латата беше околу 4 илјади франци месечно. На прв поглед тоа изгле ептен јако, но, но не е воопшто така. Еве зошто.

Бидејќи бев со фамилијата, морав да изнајмам стан со две спални, што ме чинеше околу илјада и петсто месечно. Децата ми се мали, па сопругата не можеше да работи. Доколку се вработеше, децата требаше градинка, а не сакате да знаете колку тоа чини.

Јадење и пиење, минимум илјадарка месечно. И уште една грешка што направив, купив кола. Трошок. И парите од пклатата, од прилика пата-пата. Далеку од роднини, далеку од дома, далеку од сите.

Си седнавме еден ден со жена ми, си наптравивме есап и дојдовме до заклучок, дека иако со колонијалчето што го работиме Македонија имаме многу мака и заработуваме толку колку што заработуваме, сепак, квалитетот на живот ни е далеку подобар. Се вративме и засега да бидам искрен не жалам.