Во австралиското ријалити шоу „Брак на прв поглед“ се случила вистинска драма. Дејвид Кенон, еден од кандидатите во емисијата, ја уловил својата сопруга Хајли Вернон како го изневерува па одлучил да ѝ се одмазди на најодвратниот можен начин.
Кога видел дека Хајли се бакнува со друг кандидат, Мајкл Гонам, кој исто така бил оженете, Дејвид одлучил со четката за заби од својата сопруга да ја исчисти ВЦ-школката.
Целиот чин го снимил со мобилен телефон, а Хајли четката за заби ја користела цели пет дена пред да открие што направил нејзиниот сопруг.
„Ќе отидеше во тоалет и немаше да го исчисти тоа што го оставила зад себе, што и не е толку дамски од нејзина страна. Тоа се нејзини бактерии, во нејзиното тело. Нема ништо лошо да ѝ се случи“ – изјавил Дејвид.
Емитувањето на истоимената емисија, поради инцидентот било откажано две седмици, а кога шоуто повторно се вратило на малите екрани, сепак парот отишол на вечера за да се смират, но истата не поминала баш најдобро.
Хајли поради тоа што била многу бесна на својот сопруг, ја фрлила четката за заби во ресторанот и изјавила дека станува збор за “злоставување“.
Дејвид на крајот го изјавил својот заклучок и кажал дека “се кае поради тоа што го направил“.