Во текот на емисијата „Неделен брифинг“, уредникот Александар Митовски објави видео кое наводно е снимено за време на полицискиот час во центарот на Скопје.
На видеото се гледа градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, во друштво на други две лица и келнер како седат во еден скопски ресторан, како што вели, за време на полициски час, односно забрана за движење на граѓаните по 20:00 часот.
Сепак, според протоколите, во хотелите е забрането седење во ресторан за лица кои не се гости на хотелот.