Откриен големиот план за првиот град на Марс: Во него ќе живеат 250.000 луѓе, а еве како ќе изгледа

823

Ова е амбициозниот план кој што ќе покаже дека ништо во иднина не може да биде невозможно.

Првиот град на Марс ќе почнува да „никнува“ во 2054 година, додека пак првите луѓе таму ќе се појават до 2100 година, најавија претставници од компанијата „ABIBOO“ кои што го претставиле планот за животот на Црвената планета.

Во градот кој ќе се нарекува Nuwa ќе живеат околу 250.000 луѓе. Градењето е планирано да биде во должина на карпите во внатрешноста на планетата, така што луѓето би имале пристап до сончевата светлина без ризик од преголемо изложување на космичката радијација.

Карпите во градот ќе им овозможат на сите да живеат во одвоени простории, а ќе имаат и пристап до други локации наменети за агрокултура и енергија. Жителите би можеле да одгледуваат и стока и да собираат сончева енергија.

Целта на проектот е да се изгради самоодржлива цивилизација на површината на Марс која што ќе може да опстане без константен транспорт на намирници од Земјата.

Проектот ќе биде исклучително сложен и тежок, пред сè поради тоа што атмосферскиот притисок е помал од еден отсто во однос на Земјата, додека пак космичката радијација е висока.

„Ќе мора да направиме многубројни анализи за да се обидеме да сфатиме какви околности нè чекаат. Мора да се соочиме со предизвици кои што претставуваат услов на Марс, а еден од нив е гравитацијата која што е еднаква на третина од гравитацијата на Земјата. За среќа тука се и јаглеродниот диоксид и водата на Марс.

Водата е голема предност, ќе ни овозможи да имаме потребни материјали за изградбата. Со помош на водата и јаглеродниот диоксид ќе може да создадеме јаглерод, а со негова помош челик. Во суштина „ABIBOO“ планира да користи само материјали од Марс за градење на градот“, соопштиле од компанијата.