Првичните резултати од испитувањето кое е спроведено во болница во Тел Авив покажува на докази кои сугерираат дека лекот кој е развиен од страна на изреалските научници, првично направен за лечење рак би можел да помогне кај 29 од 30 пациент заразени од корона да оздрават побрзо.
Ако просечен пациент заразен со корона вирусот се опоравува за три до четири недели, овој лек им помага на пациентите целосно да оздрават за само 4 дена. Само кај еден од испитуваните пациенти било потребен подолг период за оздравување.
Овој експирементален лек е откриен пред помалку од година по што започнало неговото тестирање. Eden од водечките научници вклучени во ова истражување, професорот Арбер вели дека откривање на овој нов лек би можело го смали товарот на медицинската заедница, со или без настанување на пандемијата.
Доколку вакцините си ја завршат својата работа и ако се појави нови мутации на вирусот, корона вирусот ќе остане со нас. Поради тоа го развивавме овој специјален лек: EXO – CD24, вели професорот Арбер.
Истражувачите тврдат дека лекот има неверојатни 96 проценти на ефикасност, што е покажано со првичната студија. Тоа што е интересно во конкретниот случај е дека лекот е економски исплатлив и лесен за употреба, бидејќи треба да се дава само 5 дена по ред.
Израелските научници сега очекуваат понатамошните испитувања и истражувања да покажат колку лекот првично развиен за рак на јајници би можел да делува во борба против короната. Планирани се испитувања на стотина пациенти со резултати кои ќе се споредат со други лекови кои се користат во моментот.