Тројца радикални исламисти убиле две туристки од Данска и Норвешка, во Мароко, така што ги избоделе со нож, додека на едната ѝ ја отсекле главата.
Данкињата Луиса Вестерагер (24) и Норвежанката Марен Уеланд (28) се убиени додека биле на кампување во Мароко. Наводно, постои снимка од тој ужасен настан, а скандинавските земји се обидуваат да проверат дали е оригинална.
Локалните жители ги пронашле мртви. Едната била убиена во шатор, а другата надвор од него.
„Жената која лежеше надвор немаше глава“, рекол еден од жителите кој наишол на телото.
Полицијата неколку дена подоцна уапсила 3 мажи, за кои тврди дека се припадници на т.н. исламска држава.
Марен и Луиса престојувале во хотел со уште три девојки, а работниците на хотелот рекле дека еден ден пред убиството ги виделе со тројца мажи од локалното население.
„Тројца мажи од Маракеш подигнаа шатор веднаш до нивниот. Тие не се од тука“, рекле тие.
I've only one advice after seeing the beheading video: don't watch it! I can't and don't want to image how scared those girls must've been during their last moments alive. RIP Maren Ueland and Louisa Vesterager Jespersen. #denmark #norway #morocco
— Raymond Bruijns (@raymondbruijns) December 20, 2018
Извор од полицијата рекол дека мажите се уапсени, откако локалните медиуми објавиле нивни фотографии. Станува збор за 33-годишен Р.А., 27-годишен А.Е. и 25-годишен О.А.
Данските власти соопштиле дека овие убиства ги сметаат за терористички чин. Како што пренесува британскиот „Sun“, убијците викале: „Ова е одмазда за нашите браќа во Сирија“.
Марен и Луиса планирале да бидат еден месец на одмор во Мароко, а пред страшното убиство, престојувале дури една недела во хотелот во Маракеш.