Полицијата идентификуваше жена осомничена дека испратила писмо до американскиот претседател која била со смртоносен рицин.
Ковертот, кој веројатно бил испратен од Канада на адреса на Белата куќа, бил пресретнат од американската полиција.
Полицијата соопшти дека ја идентификувала жената осомничена за испраќање на писмото, но не ги открила деталите, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Писмото се чувало во последниот владин центар за надворешни пратки, спречувајќи го да стигне до Белата куќа.
„Федералното биро за истраги и нашите соработници од американската разузнавачка служба и Службата за поштенска контрола го анализираат сомнителното писмо, кое пристигна во центарот за пратки на американската влада“, се вели во соопштението на ФБИ, како што објави „ујорк тајмс. Во овој момент нема индиции дека јавната безбедност е загрозена.
Слични писма биле испратени до органите на прогонот во Тексас, вклучувајќи затвор и канцеларија на шерифот. Заедничка работна група за борба против тероризмот во Вашингтон, започнала истрага со помош на њујоршката полиција и Кралската канадска коњаница (РЦМП).
Истражителите соопштиле дека не е воспоставена никаква врска помеѓу писмото со отров и меѓународните терористички организации, без откривање докази. Официјални лица, сепак, велат дека истрагата е во рана фаза и засега не исклучуваат каква било можност.
Рицинот е силен отров добиен од семето на растението рицинус. Отровот е толку силен што доволно количество прав со големина на неколку зрна сол е доволно за да се убие лице во рок од три до пет дена.
Поранешниот американски претседател Барак Обама исто така беше цел на напад на рицин. Во 2013 година, актерката Шенон Ричардсон беше осудена на 18 години затвор за испраќање на писма со рицин до Обама и Мајкл Блумберг, тогашниот градоначалник на Њујорк.