Откријте дали сте интолерантни на јаглени хидрати!

876

Интолеранцијата на глутен е широко распространета во последниве години, но интолеранцијата на јаглени хидрати е исто така многу честа појава, според „Mindybodygreen“.

„Станува збор за сива зона. Количината на јаглени хидрати кои му одговараат на метаболизмот на еден човек, не мора секогаш да ги задоволува потребите кои ги има друг човек. Во оваа работа имав многу искуство со пациентите кои проблемите со здравјето го решавале така што го ограничувале внесувањето на рафиниран шеќер и рафинираните јаглени хидрати ги замениле со намирници од цели зрна, сладок компир и свежо овошје“, рекол д-р Франк Липман и објаснил дека со одговарање на следните прашања може да ја проверите својата толеранција на јаглени хидрати.

1. Дали сте ја зголемиле својата телесна тежина?
2. Дали најголемиот дел од времето се чувствувате уморно, особено откако ќе изедете оброк заситен со јаглени хидрати?
3. Дали воглавно водите седечки начин на живот?
4. Дали вашиот апетит е надвор од контрола?
5. Дали често посегнувате по слатки и храна полна со скроб, како леб, тестенини, компир и грав?
6. Дали имате вртоглавици кога сте гладни?
7. Дали нивото на шеќер во крвта ви е во граници на нормала?
8. Дали имате проблем со анксиозност или депресија, проблеми со кожата, болки во зглобовите, хормонски промени или проблеми со спиењето?

„Ако одговоривте потврдно само на едно од овие прашања, обидете се 14 дена од исхраната да ги отстраните сите житарици, мешунки, зеленчук богат со скроб (моркови, пченка, компири, модат патлиџан, сладок компир) и овошје. Исто така, избегнувајте шеќер, дури и природни засладувачи, како мед и јаворов сируп, а особено слатки газирани пијалоци. После 14 дена, повторно одговорете на прашањата под број 2,5,6 и 8. Ако одговорите се промениле, најверојатно сте интолерантни на јаглени хидрати“, објаснил д-р Лимпам.