Си чекам на каса јас во еден маркет и во еден момент на касата дојде една девојка, имаше можеби околу 24-25 години и и се обрати на касиерката. Прво нешто тивко и рече, а кога оваа гласно и рече “МОЛАМ?!”, тогаш ја слушнав и јас.
-Ве молам, дали ја гледате онаму старата баба со внуката? Еве, ви давам 4000 денари и ве молам кога ќе дојде на каса да и кажете дека е некаков јубилеен купувач и дека може за 4000 денари да си купи што сака. Ве мола, дали сакате тоа да го направите?
Касиерката ја гледаше некое време со неверување, а потоа ги зеде парите, се насмеа и рече: СЏекако дека сакам, дали треба да и кажам дека парите се од вас? Дали ја познавате?
А девојката рече дека не ја познава бабичката, првпат ја гледа, ама дека на минување ја слушнала кога и рекла на внуката дека нема пари за да и купи чоколадо на внуката, дека имаат само за леб и паштета…
Бев потресен од она што го слушнав и видов. Малку е да се каже колку бев воодушевен од постапката и ми беше жал во моментот немав доволно пари во мене, ама штом бидам во прилика, и јас истото ќе го направам. Морав ова да го споделам со вас…