Ова е единствената земја во Европа која што не е загрижена поради коронавирусот – животот ‘тече’ како и претходно

913

Како што знаеме, моментално Европа е епицентарот на епидемијата коронавирус, но на Стариот континент постои една земја во која нема радикални промени во секојдневниот живот.

Белорусија е единствена земја во многу погледи, има многу поразличен начин на функционирање отколку остатокот на Европа па и нејзините најблиски соседи – Русија и Украина.

И додека Украина се подготвува да воведе вонредна состојба, а Русија ги затвора училиштата и ги откажува масовните собири, во Белорусија сè се одвива по старо.

‘Без паника’
Белорускиот претседател Александар Лукашенко вели дека нема потреба во неговата земја да се преземаат било какви ригорозни мерки за запирање на ширењето на коронавирусот.

„Такви работи се случуваат. Најважно е да не паничиме“ – истакнал во вторникот наутро на состанокот со кинескиот амбасадор во Минск.

Белорусија не ги затворила ниту кината и театрите, ниту пак забранила масовни собирања.

Таа е една од земјите во светот која што не го откажала ниту фудбалското првенство.

Белоруската лига и понатаму се игра, а се емитува и на телевизија на голема радост на фанатиците на фудбалот.

‘Трактор ќе го излечи коронавирусот’
Коментарите на претседателот Лукашенко дека ‘трактор ќе го излечи коронавирусот’ станале предмет на многубројни расправии, па дури и шеги на социјалните мрежи во Белорусија.

Претседателот мислел на чесна и тешка работа на фармите. Тој изјавил дека иако не пие алкохол, малку вотка нема да штети во запирање на ширењето на коронавирусот.

Многу Белоруси, сепак се загрижени од ширењето на вирусот затоа што многу добро знаат што се случува надвор од нивната земја.

Некои од помладите деца и учениците во Минск се преправаат дека се болни за да останат дома и да не одат на училиште.

На улиците на Минск исто така има многу помалку луѓе од претходно, а сите се свесни дека се исложени на голема опасност. Но, нивната власт прави многу малку во врска со заштитните мерки за заштита од вирусот.

„Двајца или тројца луѓе дневно се позитивни на вирусот, а во тој случај истите се ставаат во карантин и се пуштаат дома по една седмица“ – вели Лукашенко.